НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ И НА ПОНИСКИТЕ МЕСТА! ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ…

Моќниот циклон пристигна во западните предели од Македонија, условувајќи олуен ветер и интензивни дождови. Понатаму врнежите ќе се прошират насекаде и НАЈИНТЕНЗИВНИ ќе бидат во западните и во југозападните предели. Постои опасност од локални ПОПЛАВИ, затоа препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Температурите поради силното јужно и југозападно воздушно струење ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО високи и насекаде над 10 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите се очекува да се искачат дури до околу 18 степени.

НАЈАВА ЗА КРАТКОТРАЈНО ЗАЛАДУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО И ЗА ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ И НА НЕКОИ ОД ПОНИСКИТЕ МЕСТА (ГРАДОВИТЕ): Поради продор на СТУДЕНА воздушна маса од север, ноќта понеделник кон вторник, како и во вторник рано наутро се очекува позначителен пад на температурите, со што освен  на планините, провејување на слаб снег ќе има и во некои пониски места (градови), особено во северната половина од државава.

Сепак после ова краткотрајно заладување на времето, следува нов ГОЛЕМ ПОРАСТ на температурите и ново изразено јужно воздушно струење, како и јужен и југозападн ветер, детални информации околу ова НАСКОРО – СЛЕДЕТЕ НЕ!

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!