МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА НОВ ПОГОЛЕМ МЕДИТЕРАНСКИ ВЛАЖЕН БРАН – СЕ ОЧЕКУВААТ ПОИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ, КАКО И НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА!

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, утре и во четврток времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ПОИНТЕНЗИВНИ ќе бидат особено во четврток и тоа во јужните и во југоисточните предели каде локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.

На местата со надморска височина од 1200 метри па нагоре ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, додека на повисоките планини истата ќе се зголеми.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено утре.

Во Скопје исто така се очекуваат нови повремени врнежи од дожд.

Минималните температури ќе бележат тенденција на пораст и тоа поради облачното и врнежливо време, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.

Потоа во петок и во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, додека во недела повторно ќе има повремени врнежи од дожд и тоа од локален карактер. Снег ќе врне само на високите планини а ќе започне да дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој ќе услови малку повисоки температури на воздухот, односно температурите во недела ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 12 степени.

НАПОМЕНА: Утре и задутре поради ниските температури, снежната граница понекаде можно е да се спушти и под 1000 м.н.в, со што услови за врнежи од дожд и од снег или од мокар снег ќе има и во повисоките населени места.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!