КОНЕЧНО ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, ЗАСИЛЕН ВЕТЕР, СНЕГ И ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА НА ПЛАНИНИТЕ! ДОАЃА ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО…

Уште денес и утре времето во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО преку ден со температури кој понекаде ќе се искачат и до 15 степени. Особено во ноќните, утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во оние котлини кој се наоѓаат Долж Повардарието.

ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето ќе има веќе од понеделник попладне и навечер, а особено во вторник кога насекаде ќе има зголемена облачност и врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка (на повисоките планински места со висина и од над 20 цм). Поради продорот на постуден воздух од север, снежната граница во вторник попладне, навечер како и во текот на ноќта кон среда понекаде ќе се спушти под 1000 м.н.в, со што врнежи од дожд и снег, или мокар снег ќе има и во некои пониски населени места.

Во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, кој во вторник попладне и навечер че го промени правецот во северен и ќе биде ЗАСИЛЕН по интензитет.

Поради засилениот ветер, КОНЕЧНО ќе дишеме ЗНАЧИТЕЛНО ПОКВАЛИТЕТЕН воздух низ котлините, вклучувајќи ја и Скопската котлина, што значи дека се очеку ГОЛЕМО РАСЧИСТУВАЊЕ на воздухот.

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат и конечно ќе имаме постудени денови.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!