КОНЕЧНО ЗИМАТА ЌЕ ЈА ПОКАЖЕ СВОЈАТА СИЛА: ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА СНЕЖНА ПОКРИВКА НА ПЛАНИНИТЕ – ПРОВЕЈУВАЊЕ НА СНЕГ ЌЕ ИМА И ВО ГРАДОВИТЕ!

Под влијание на ИЗРАЗЕН влажен бран и циклонска активност од запад, особено оваа вечер и во текот на ноќта насекаде ќе има врнежи од дожд, додека на планините над 1000 м.н.в врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и тоа особено во западните предели.

Локално и тоа особено во западните предели врнежите ќе бидат ОБИЛНИ (над 30 л/м2 воден талог), а можна е и локална појава на грмежи. На планинските места, односно на скијачките центри ќе се формира снежна покривка од над 10 цм, а на повисоките планински места истата ќе биде со висина од над 20 цм.

Ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен правец ( локално со брзина од над 70 км/час).

Во Скопје и околината исто така  се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Утре попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот во северен, со што од север ќе започне да се спушта ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕН воздух, па така утре навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда и четврток провејување на снег локално ќе има и на пониските места (градовите).

Температурите наутро и тоа особено од среда повторно на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, локално и под -5 степени а на високите планини и до околу -10 степени. Максималните дневни температури исто така ќе бидат релативно ниски, особено од среда и ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 8 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki!