СЕ ОЧЕКУВА ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА АТМОСФЕРАТА – ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА ЛОКАЛНО ПОИНТЕНЗИВНИ ПРОЦЕСИ

објавено на:

24 Авг 2021

од:

сподели:

До крајот на денов ќе има услови за изолирана нестабилност, додека во текот на утрешниот ден и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер и со појава на град. Оваа нестабилност повеќе ќе ја има во северните предели, како и во источната половина од државава.

Локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ ќе има и во делови од Скопската котлина.

Потоа во четврток ќе имаме променливо време со повремен локален дожд, додека во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Потоа од петок времето ќе биде постабилно, иако ќе има услови за ретка појава на мала нестабилност.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, што значи дека нема многу да се менуваат. Малку посвежо ќе биде во четврток кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. Во Скопје температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 30 и 33 степени.

Наутро ќе биде само посвежо кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени.

И во следните денови УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Невреме се очекува да го зафати и регионот.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.