ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со електрични празнења, СИЛЕН ветер, интензивен пороен дожд и појава на град!

објавено на:

13 Мај 2022

од:

сподели:

Вечерва, како и во текот на ноќта локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и локална појава на град.

И во делови од Скопската котлина вечерва можна е нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За време на викендот како што веќе и најавивме ќе биде понестабилно, односно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, и тоа особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ветер, електрични празнења, интензивен пороен дожд и со појава на град.

Услови за попладневна локална нестабилност ќе има и во почетокот од следната недела.

Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од северните предели на Африка остануваат МНОГУ ВИСОКИ, и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

И во Скопје и околината, за време на викендот кој ни претстои ќе растат условите за нестабилност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално можна е и појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 27 и 31 степен.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека понатаму Атмосферата ќе биде МНОГУ НЕСТАБИЛНА, во случај на појава на НЕВРЕМЕ и електрични празнења, како и СИЛЕН ветер, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така, во случај на силен ветер, избегнувајте своите автомобили да ги ставате во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.