ПО СВЕЖОТО ВРЕМЕ – СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО ВРЕМЕ, НО ВО ЧЕТВРТОК НА ПОВЕЌЕ МЕСТА И ВРНЕЖЛИВО!

објавено на:

05 Апр 2022

од:

сподели:

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени.

Потоа утре ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, додека нови врнежи од дожд на повеќе места ќе има во четврток кога локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Повторна стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота, додека во недела попладне повторно ќе има локално зголемување на облачноста и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд. Во текот на следните денови исто така ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец и истиот на некои места повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие од утре па натаму ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека од петок во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 25 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена облачност, додека нови повремени врнежи од дожд ќе има во четврток, кога ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, услови за појава на грмежи и засилување на ветерот. Во петок и во сабота ќе биде претежно стабилно, додека во недела попладне повторно има помали услови за слаби локални врнежи од дожд. Температурите во следните денови ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 22 степени.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.