НАЈНОВА ВЕСТ: ГРАДОВИТЕ ДО КРАЈОТ НА НОЕМВРИ НЕМА ДА ЈА ДОБИЈАТ ПРВАТА СНЕЖНА ПОКРИВКА! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ ДЕТАЛИ…

објавено на:

10 Ное 2022

од:

сподели:

Според последните анализи кој ги направивме со помош на најпрецизните нумерички модели во светот, ниските места (градовите) сигурно нема да ја добијат првата снежна покривка за оваа сезона до крајот на овој месец. Температурите и понатаму ќе продолжат да бидат барем малку над просекот за овој дел од годината.

Токму ова е поради МНОГУ АКТИВНАТА Атмосфера над Атлантскиот океан. Таму се содаваат МОЌНИ Циклонски системи каде воздушниот притисок во центарот на истите опаѓа дури и под 965 htp. Сево ова ја турка топлинатаод Африка кон Европскиот Континент и Балканот, а со тоа и кон Македонија. Се додека Атмосферата над Атлантикот не се смири, кај нас зима и поголемо заладување нема!

Останува да следиме како ќе се одвиваат работите понатаму. Се надеваме дека ќе има некоја промена на временската состојба па така и да се надеваме дека до крајот на овој месец ќе го добиеме првиот снег во градовите низ Македонија. Исто така ако не дојде до промена на нумеричките модели, маглата и ниската облачност до крајот на месецов ќе биде честа појава во регионот, но и кај нас во Македонија.

Инаку денес навечер и во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре во Македонија следува брза промена на временската состојба, проследена со засилен ветер од северен и од североисточен правец и тоа најизразен Долж Повардарието. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд, додека на планините над 1600 м.н.в ќе има повремени врнежи од СНЕГ. Температурите утре ќе опаднат за неколку степени и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени. Наутро пак температурите и тоа особено од недела понекаде, и тоа особено во Малешевијата ќе се спуштаат под нулата.

Од недела следува нов период на стабилно и суво време, но повторно по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.