ДЕНЕС И УТРЕ ПОСВЕЖО И ВЕТРОВИТО – ДОДЕКА ОД ВИКЕНДОТ ГОЛЕМ ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

објавено на:

20 Мај 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до околу 18 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и свежо време со засилен северен ветер и со слаб локален дожд, додека за време на викендот, како и на почетокот од следната недела времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурите и истите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.