ВРЕМЕНСКА НАЈАВА: Врел бран во Македонија – во текот на следната недела температури до 38°

објавено на:

26 Јун 2020

од:

сподели:

Територијата на Македонија полека но сигурно ја зафаќа тропски бран кој во текот на следната недела ќе услови температури близу 40 степени, и тоа во најтоплите предели на државава.

Инаку за време на овој викенд во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Нестабилноста повеќе ќе ја има особено во западните предели на државава. Максималните дневни температури за време на овој викенд ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Понатамошен продор на топол воздух од северните предели на Африка ќе имаме во текот на следната недела, тогаш максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Ув индексот ќе има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност  и ќе има коефициент некаде од 9 до 10, па затоа доколку излегувате ЗАДОЛЖИТЕЛНО со себе да си понесете заштитна опрема, односно капа и наочари за сонце.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.