ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗМЕРЕНИ РЕКОРДНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ЗА МЕСЕЦ МАРТ – УТРИНАВА СЕ ИЗМЕРЕНИ ДУРИ -16.5°C!

објавено на:

12 Мар 2022

од:

сподели:

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која е невообичаена за месец Март и истата продира од северот и од североистокот на Европскиот Континент.

Денешното утро донесе и невообичаено ниски температури за овој период од годината, и истите насекаде се спуштија под нулата.

Најстудено беше во Маврово каде температурата се спушти до рекордни -16.5 степени. Потоа следуваат Берово каде се измерени -12 степени, во Крива Паланка се измерени -10 степени, потоа во Претор, Прилеп и во Охрид се измерени -9 степени, и во Битола како и на Ѓриште се измерени -8 степени. На другите места температурите беа нешто повисоки, но сепак негативни.

Како што најавивме, постепен пораст на температурите се очекува од понеделник, а барем одсега гледано ново заладување на времето и нови врнежи се очекува кој крајот на неделата.

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki

 

 

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.