АКТУЕЛНA НАЈАВА: ВЕЧЕРВА ГОЛЕМ ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА ВОЗДУХОТ И СНЕГ ВО ЗАПАДНИТЕ И ЈУГОЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ – ДЕТАЛИ

објавено на:

07 Апр 2021

од:

сподели:

Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно, на повеќе места со повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, додека кон крајот на денов и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса од север врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места, особено во западните и југозападните предели. Ќе дува умерен ветер од западен правец кој повремено ќе засилува, додека Долж Повардарието истиот ќе биде од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за повремен дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа од утре во текот на денот се очекува постепено стабилизирање на времето, но ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени. Максималните температури пак во следните денови ќе бележат тенденција на пораст.

НАПОМЕНА: Поради очекуваните врнежи од снег во текот на ноќта во западните и југозападните предели, ќе дојде до формирање на нова снежна покривка на повисоките места и на планините. Тенка снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.