ЦИКЛОН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ЗА ВИКЕНДОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ДЕТАЛИ

ЦИКЛОН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ЗА ВИКЕНДОТ ЌЕ ДОНЕСЕ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – ДЕТАЛИ

Во текот на утрешниот ден во државава ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а ќе има услови и за локален краткотраен дожд. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во петок ќе имаме претежно суво време но ќе започне да дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.

ГОЛЕМА промена на времето и тоа под влијание на циклонска активност ќе има од сабота, па така во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец а ќе има и локална појава на нестабилност, проследена со грмежи. Максималните дневни температури во сабота ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени.

Според моменталните анализи со кој ние располагаме, поради големиот пад на температурите на воздухот и продорот на многу постуден воздух, за време на викендот на највисоките планински врвови не се исклучува можноста да провее и првиот снег за оваа сезона.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука