ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА УСЛОВУВА ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ – МОЖНИ СЕ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА!

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на низок воздушен притисок (циклонска активност).

До крајот на денов, вечерва и во текот на ноќта времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Локално се очекува и поголемо количество на воден талог (над 25 л/м2). Температурите до крајот на денов ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе има услови и за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, заислен ветер и услови за локална појава на град. Максималната температура ќе се искаќи до околу 24 степени.

Потоа за време на викендот, како и во почетокот од следната недела и понатаму ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на постепен пораст. Поголем пораст на истите се очекува во првите денови од следната недела кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

НАПОМЕНА: До крајот на денов, во текот на ноќта и утре поради локално ИНТЕНЗИВНИТЕ врнежи можни се локални поројни поплавувања.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki