ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Погледнете колкаво количество на воден талог наврна во вашето место

И во изминатите 24 часа, нашата територија се наоѓаше под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран кој услови во поголем дел од државава врнежливо време.

Досега најмногу дожд има наврнато во Струмица, и тоа 39 л/м2 воден талог, потоа 27 во Крива Паланка, 25 во Ѓуриште, 16 во Крушево, 15 во Дебар, 14 Дојран, 12 Охрид, 9 Скопје-Петровец, Виница, 8 Демир Капија, Куманово, 7 Прилеп, 6 Битола, 5 Претор, 3 Тетово, 2 Штип, 1 Скопје-Зајчев Рид.

Како што веќе најавивме, се до вторник времето ќе биде променлвио облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец кој во среда, особено Долж Повардарието и на истокот својот правец ќе го промени во северозападен.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Од среда ќе имаме постабилно и релативно суво време, иско има услови за сосема ретка појава на слаб локален дожд. Максималните дневни температури во среда ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени,

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука