УШТЕ ДОЛГО ВРЕМЕ ЌЕ УЖИВАМЕ ВО СОНЦЕТО – ОД НЕДЕЛА И МНОГУ ПОТОПЛО ВРЕМЕ!

Уште ДОЛГ период ќе уживаме во прекрасното, стабилно и сончево време. До сабота температурите  нема многу да се менуваат, додека од недела па натаму нашата територија ќе подпадне под влијание на УШТЕ ПОТОПЛА воздушна маса од југ.

Потопло ќе биде и наутро и тоа особено од недела, додека максималните температури од недела па натаму ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО НАД ПРОСЕКОТ ЗА ОВОЈ ДЕЛ ОД ГОДИНАТА и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до дури 28 степени.

Во Скопје и понатаму ќе имаме стабилно, суво и сончево време. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 24 степени.

Да напоменеме дека во следниот период ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека за време на викендот во утринските часови по котлините и речните долини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki