ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СЕ ПРИБЛИЖАТ БЛИЗУ 40 СТЕПЕНИ: Невообичаено топол бран во следните денови во Македонија и ЕКСТРЕМЕН УВ ИНДЕКС!

Нашата територија и понатаму во текот на оваа недела ќе се наоѓа под влијание на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛА воздушна маса од Африка, и истата ќе условува невообичаено високи температури на воздухот за месец мај. Минималните (утрински) температури на повеќе места ќе се задржат околу, па и над 10 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и на многу места ќе надминат 30 степени, а во најтоплите предели истите се очекува да надминат дури и 35 степени, што значи во следните денови полека но сигурно температурите ќе се приближат дури до околу 40 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека во попладневните часови локално ќе има услови за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

Ув индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот и да пијат што повеќе течности. Особено на ова да бидат внимателни метеопатите, и старите и изнемоштени лица.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ПРАЗНЕЊА И ТОА ПОРАДИ МНОГУ ЗАГРЕАНАТА АТМОСФЕРА И ИСПОЛНЕТА СО ЕНЕРГИЈА: Во случај на појава на силни електрични празнења во следниот период, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така овчарите своите овци да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат стадата.

Што точно ќе се случува ова лето со времето? : Не очекува МНОГУ ТОПЛО лето со чести продори на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од Африка, температурите често се очекува да се искачуваат до, па дури и над 40 степени во најтоплите предели. Многу топло ќе биде и во останатите предели од Македонија, но повремено мора да рачунаме и на појава на ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ (Локални поплавувања, интензивен пороен дожд, грмежи и појава на град, како и силен ветер).

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki