СТУДОТ ЌЕ ЗАМИНЕ ДУРИ ВО СРЕДА КОГА СЕ ОЧЕКУВА ЈУЖНО СТРУЕЊЕ И ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – ДЕТАЛИ

До вторник како што веќе најавивме нашата територија ќе се наоѓа под влијание на поларна воздушна маса која се спушта директно од Арктикот, истата ќе услови многу ниски температури на воздухот и наутро истите ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, на некои места температурите на воздухот има услови да се спуштат и под -15 степени. Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 4 степени, што значи дека и во текот на денот температурите на повеќе места ќе останат под нулата.

Потоа од среда под влијание на јужно воздушно стуење и на потопла воздушна маса, ќе има постепен пораст на температурите на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени. Времето до среда ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер кој до вторник ќе биде претежно од северен а потоа од јужен и од југозападен правец.

Од четврток попладне во западните предели ќе има повремени локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините, но врнежите најпрвин ќе бидат од послаб интензитет. Истите ќе се интензивираат и прошират насекаде во сабота.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука