Студен фронт од север се спрушта кон Македонија, ќе услови пад на температурите

Студен фронт од северните предели на Европаскиот Континент во овој момент се спушта кон нашите предели, па така веќе може да се почувствува ветерот кој дува особено во северните предели на државава и Долж Повардарието. Исто така во овие попладневни часови и кон крајот на денов, особено во југозападните предели ќе има услови за развој на нестабилност проследена со локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Сепак поради студениот фронт кон крајот на денов и во вечерните часови, температурите на воздухот ќе започнат да опаѓаат и  до утре изутрина ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени во најтоплите предели од државава. Што се однесува пак до максималните дневни температури, утре ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени, ќе продолжи да дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец а времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Во текот на следните неколку денови времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грми, особено во планинските предели. Максималните дневни температури ќе бележат тенденција на не многу голем пораст и истите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука