СТУДЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА: ЌЕ ДОНЕСЕ ДОЖД, СНЕГ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе започне да дува умерен, во западните предели повремено засилен ветер претежно од југозападен и од западен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта од северозапад ќе започнат врнежи од дожд а на планините од снег. Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 17 степени.

Утре повремени врнежи од дожд ќе има на повеќе места. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, додека кон крајот на денот и во вечерните часови поради продор на постудена воздушна маса од север, услови за послаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните предели. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, додека Долж Повардарието истиот ќе биде од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Од четврток ќе има стабилизирање на времето, додека утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Дневните температури ќе бележат тенденција на постепен пораст.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука