СТУДЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА: СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ! МОКАР СНЕГ МОЖЕН И НА НЕКОИ ПОНИСКИ МЕСТА!

Како што претходно кажавме, во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во понеделник, кога услови за врнежи од снег кој би бил релативно мокар ќе има и на некои места со надморска височина од околу или под 1000 метри, и тоа особено во западните и во северните предели.

Исто така во првите денови од следната недела ќе дува и умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени, додека нешто пониски температури ќе имаме во понеделник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Уште поголемо заладување на времето се очекува од средината на следната недела, односно од среда. Но детална анализа околу ова следува понатаму.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Од понеделник ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 10 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki