СПРЕМНИ ЗА НА ПЛАЖА? СЛЕДНАТА СЕДМИЦА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ТОПЛОТЕН БРАН И ВИСТИНСКО ЛЕТО

Топлотен бран од југ, кој ќе биде со умерен интензитет (типичен за месец септември) ќе ја зафати нашата територија во текот на следната седмица. Односно од понеделник па натаму.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Температурите на воздухот, како минималните, така и максималните ќе бидат во ПОРАСТ. Односно, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

Од средината на неделата во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 35 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

За време на овој топлотен бран, максималните дневни температури во Скопје ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 31 степен.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki