СПРЕМЕТЕ ЈА ТОПЛАТА ОБЛЕКА: ЌЕ ЗАПОЧНЕ ДА ДУВА ЗАСИЛЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА ДО ОКОЛУ 60 КМ/ЧАС – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ СЕ НАМАЛАТ

Под влијание на постуден воздух од север, денес кон крајот на денов и навечер, како и во текот на утрешниот ден ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец (повремено до околу 60 км/час). Исто така денес попладне, особено во северните предели ќе има појава на краткотраен локален пороен дожд и грмежи.

Температурата ќе се искачува во интервалот од 24 до 32 степени, додека кон крајот на денов и навечер осетно ќе се намали и до утре изутрина истата ќе се спушта во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели. Од утре максималната температура ќе се искачува во интервалот од 22 до 30 степени, додека особено студено утро ќе имаме во петок, кога минималните температури понекаде ќе се спуштат дури и под 5 степени и истите ќе бидат под просекот за овој дел од годината.

Времето повторно од утре ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност, но само до сабота. Во недела се очекува дестабилизирање на атмосферата со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кога ќе има услови и за локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси.

И во Скопскиот регион денес попладне и навечер, како и утре ќе дува ЗАСИЛЕН северен и северозападен ветер, што ќе услови пад на температурите, особено наутро кога во текот на следните денови наутро температурите ќе паднат до околу 10 степени, додека макималните температури ќе се искачуваат во интервалот до околу 25, 26 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki