Снежен бран владее во Алпскиот регион, каде има интензивни снежни врнежи а снежната покривка и понатаму ќе се зголемува. Од друга страна пак, кон голем дел од Балканскиот Полуосторов и тоа од запад, се пробилижува ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ кое ќе услови поројни дождови, громови, олуен ветер и локална појава на град, особено денес доцна попладне, во вечерните часови и во текот на ноќта.
Ова невреме можно е да услови локални поплавувања, па дури и штети.
Најпогодени региони би требало да бидат: Далмација, Истра (Сплит, Дубровник) додека локално невреме се очекува и во останатите предели од регионот, но со нешто послаб интензитет.
Долж Јадранот, особено на југот, како и во Западна босна ветерот можно е да достигнува брзина од дури 100 км/час, локално и повеќе.
Граѓаните ги предупредуваме во ваква ситуација да бидат крајна претпазливост, и во случај на појава на олуен ветер и невреме да не излегуваат од своите домови.
За нови, подетални, и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука