СЛЕДУВА ЦЕЛОСНА СТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО – СЕПАК НАУТРО СВЕЖО, НОВ ИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН БРАН ОД НЕДЕЛА

Нашата територија од утре до недела ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и не многу топла воздушна маса која ќе условува пријатно високи температури во текот на денот. Времето ќе биде сончево со мала локална облачност, додека утре и во четврток ќе дува умерен, Долж Повардарието и во источните предели повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Сепак во следните неколку денови наутро ќе биде СВЕЖО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека во Беровскиот регион, како и на високите планини истите се очекува да се спуштат и под 10 степени. Затоа доколку во ноќните  и раните утрински часови излегувате, би дило добро со себе да си понесете потопла облека.

Максималните температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33, 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност(коефициент помеѓу 9 и 10).

Според моменталните анализи, нов ИЗРАЗЕН топлотен бран од југ (северна Африка) територијата на Македонија ќе ја зафати од недела.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука