СЛЕДУВА ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – ИМА УСЛОВИ И ЗА ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ ПРОСЛЕДЕНА СО ГРМЕЖИ

Денес и утре времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен ветер од западен правец кој повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 14 до 17 степени.

Потоа во четврток и петок времето ќе биде претежно суво, додека нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од дожд и снег на планините се очекува за време на викендот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука