СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕНСКАТА СОСТОЈБА КАЈ НАС – ЛОКАЛНИ ВРНЕЖИ И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ, ДЕТАЛИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Кон крајот на денов облачноста постепено ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 21 степен.

Потоа од утре следува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Особено од среда температурите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека на повисоките планини ќе има и повремен снег.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука