СЛЕДУВА ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО – СЕПАК ВО ПОПЛАДНЕВНИТЕ ЧАСОВИ ЌЕ ИМА ПОЈАВА НА ЛОКАЛНА НЕСТАБИЛНОСТ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со умерена локална облачност. Попладне особено во планинските региони ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа во следните денови во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Температурите поради продор на значително потопла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука