Во текот на утрешниот ден, како што и најавивме ќе се задржи МНОГУ ТОПЛОТО време, меѓутоа кон крајот на денот и навечер, локално и тоа особено во северната половина од државава ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Што се однесува до температурите тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.
И во Скопје и околината утре ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО, меѓутоа кон крајот на денот и навечер во делови од котлината ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура утре во Скопје ќе се искачи до околу 30 степени.
Потоа во среда и четврток под влијание на посвежа воздушна маса од север, температурите ќе опаднат за неколку степени а во среда ќе дува и засилен ветер од северен правец.Исто така во среда сеуште ќе има услови за повремен локален дожд проследен со грмежи. Што се однесува до температурите, тие во среда ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени, додека уште малку посвежо ќе биде во четврток кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Мора да се напомене дека значително посвежо утро ќе имаме во четврток, тогаш минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 3 до 10 степени.
Нов голем пораст на температурите се очекува веќе од петок па за време на викендот, и тоа поради повторниот продор на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава.
Напомена: Наглите промени на времето кој следуваат деновиве, особено во поглед на температурите, негативно ќе влијаат врз здравјето на граѓаните, односно овие денови особено кај метеопатите можна е појава на нервоза, болки во коските и на местата од стариете рани, како и повремена нервоза, но и несоница. Доколку граѓаните овие денови почувствуваат значителни здравствени проблеми, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар за совет.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki