СЛЕДУВААТ МНОГУ НИСКИ УТРИНСКИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ – ДЕТАЛИ

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со услови за локално провејување на снег, додека на некои пониски места ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Локално ќе има услови за провејување на слаб снег,додека максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Потоа од четврток па натаму ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните дневни ќе бидат во постепен пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука