И во текот на следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време, односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има и позначителна облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Наутро ќе биде студено, со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат до околу -2 степени, со што локално ќе има појава на мраз. Додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.
И во Скопскиот регион во текот на следните денови времето ќе биде стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Повремено ќе има и позначителна облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki