СЛАВЧО ПОПОСКИ: СЕ ОЧЕКУВААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ – ДАЛИ ПОСТОИ ОПАСНОСТ ОД ИЗЛЕВАЊЕ НА РЕКИТЕ?!

По најавите за доста обилни дождови секој би се запрашал дали постои опасност за излевање на некои од реките низ државава, состојбата е следна:

Нивоата на реките и езерата низ државава се доста ниски и под просекот, но со оглед дека доаѓаат доста интензивни врнежи, можно е нивно зголемување, но не и излевање, постојат помали услови за излевање на помалите реки и тоа особено во западните предели на државава, каде се очекува врнежите да бидат и најобилни.

Локално ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ, особено во текот на претстојната ноќ и тоа проследено со поројни дождови, силен ветер од југоисточен правец (со удари над 80 км/час) , грмежи и појава на град.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука