СЛАВЧО ПОПОСКИ: ОПАСЕН ТОПЛОТЕН БРАН СЕ ДВИЖИ КОН БАЛКАНОТ – СЕ ОЧЕКУВААТ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ

Во моментов од северните предели на Африка, кон Балканскиот Полуостров се движи ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ бран кој за време на викендов, како и на почетокот од следната недела ќе услови ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури, особено во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина каде температурите овие денови се очекуваат да надминуваат 40 степени, односно истите ќе се искачат дури до околу 43 степени.

Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, а врнежи не се очекуваат. Исто така и УВ ИНДЕКСОТ ќе биде МНОГУ ВИСОК, па граѓаните се советуваат на КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

Овој топлотен бран ќе ја зафати и Македонија но со малку помал интензитет, а особено топло ќе биде од понеделник до среда, кога максималните температури исто така ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. Пад на температурите на воздухот мож да се очекува дури од четврток.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki