САД И КАНАДА ПОГОДЕНИ ОД ЕКСТРЕМНО СТУДЕН БРАН И ИНТЕНЗИВНИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ

Овие денови, голем дел од  САД и Канада се погодени од поларен воздушен бран кој се спушта од Арктикот и истиот условува интензивни снежни врнежи и голема снежна покривка на повеќе места.

Температурите на воздухот пак се екстремно ниски, невообичаени за овој дел од годината и понекаде веќе се спуштаат и под -26 степени.

На следната карта можете да ги погледнете последно измерените температури низ САД и Канада:

Најпогодени се западните и северозападните предели на земјата.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука