ПРОДОЛЖУВА ПЕРИОДОТ НА СТАБИЛНО И СУВО ВРЕМЕ – ПО КОТЛИНИТЕ МАГЛИВО, ДЕТАЛИ

Продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко додека по котлините и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

И во Скопската котлина ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови. Максималната дневна температура во текот на следните денови ќе се искачи до околу 8 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука