ПРИСТИГНА ГОЛЕМАТА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО КАЈ НАС – ДЕТАЛИ

Во текот на изминатата ноќ во нашата држава дојде до значителна промена на временската состојба која во поголем дел услови врнежливо време. Локално беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Започна да дува засилен ветер од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието каде достигнуваше брзина и до околу 60 км/час а температурите на воздухот значително опаднаа, па така до изутринава најниската температра беше измерена во Берово, и тоа 8 степени, потоа во Претор 9, во Прилеп 10, Битола 11 и Тетово се измерени 12 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Крива Паланка и тоа 24 л/м2, потоа 12 во Берово, 7 Охрид и Виница, 3 во Претор, 2 во Демир Капија и 1 литар во Скопје.

Денес ќе продолжи да дува засилен ветер од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен. Целосна стабилизација на времето ќе има денес доцна попладне и навечер, со што ќе следува период на стабилно и суво време без врнежи.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука