ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПЕКОЛНИТЕ ГОРЕШТИНИ ЌЕ ДОНЕСАТ СИЛНО НЕВРЕМЕ!

Поради влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, но и поради големата енергија во Атмосферата, денес во попладневните и во вечерните часови, како и утре на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град. Поради ваквата состојба препорачуваме КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ.

И во Скопје и околината ќе има услови за локално НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со локална појава на град.

Услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има и во деновите по утрешниот ден.

Сепак и покрај најавата за силно невреме, тропските горештини и понатаму ќе се задржат во Македонија, па така температурите како денес , така и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki