ПО СНЕЖНИОТ БРАН СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ТЕМПЕРАТУРИ ДО -20°C – ДЕТАЛИ

Снежниот бран кој ја зафати нашата држава, полека ќе не напушта и тоа кон крајот на денешниот ден и вечерва кога се очекува постепен престанок на врнежите и намалување на облачноста. Максималните дневни температури денес ќе бидат многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од -10 до 0 степени а ќе дува и умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Од утре времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Наутро ќе биде ОСОБЕНО СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -20 до -8 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 2, 3 степени во најтоплите предели од државава.

Постепено затоплување на времето се очекува од четврток кога и температурите на повеќе места ќе се искачат над нулата, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени, сепак наутро истите ќе останат на повеќе места под нулата.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука