ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ СО ПОДПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ – КОНЕЧНО НАСКОРО ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Веќе подолго време нашата територија се наоѓа под влијание на релативно свежа воздушна маса која се спушта од северните предели на Европскиот Континент. Истата условува подпросечни температури на воздухот, повремено засилен ветер од северен правец но и нестабилно време со почести локални врнежи од дожд. На планините како што можевте за забележите во последните денови од овој месец, на планините се забележаа врнежи од снег  и бела покривка.

Сепак последните анализи кој ние ги направивме, укажуваат на тоа дека некаде од четврток нашата територија ќе подпадне под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе продре од југ и истата ќе услови позначително покачување на температурите на воздухот.

Сепак до среда температурите на воздухот нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, во четврток кога ќе започне порастот на температурите, истите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени. Уште потопло ќе биде за време на следниот викенд кога максималните дневни температури на воздухот во најтоплите предели од државава ќе се искачат и над 30 степени.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука