ПО ОВОЈ НЕВООБИЧАЕНО ТОПОЛ БРАН ОД ЈУГ – СЛЕДУВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И УСЛОВИ ЗА ЛОКАЛНО НЕВРЕМЕ

По овој невообичаено топол бран за овој дел од годината веќе во понеделник попладне и навечер како и во вторник ќе има зголемена облачност проследена со локален дожд.

Локално ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси (фо форма на НЕВРЕМЕ), и тоа особено во вторник.

До понеделник ќе биде натпросечно топло со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат и до околу 34 степени. Веќе во вторник температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање, и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север и истите во вторник ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука