Повторно успешна заштита од појава од град во Македонија и заштитено земјоделството

Во текот на вчерашниот ден, благодарение на новата метода за заштита од град со авионско засејување на облаците, повторно успешно е спречена појава на град и не е причинета материјална штета на земјоделските посеви.
Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје, вчера во периодот од 16:13 часот до 18:43 часот изврши авионско засејување на градоносни облаци и потенцијално градоносни облаци со 29 палки (една палка содржи 400г сребро јодит).
Првото дејствување врз градоносен облак е во периодот од 16:13 до 16:35 часот во јужниот дел на Пелагонија и Ресенско, каде е дејствувано со 12 палки сребро јодит, а потоа во реонот на Кратово од 17:16 до 17:43 часот со 11 палки. Во 18:03 часот дејствувано е со авионско засејување на потенцијално градоносен облак северо-источно од Свети Николе со 3 палки и во 18:39 часот во Кочанско со 3 палки.
Според радарските слики и информациите од нашите земјоделци од терен, засејувањето било успешно. Спречена е појава на град, а со тоа земјоделските посеви остануваат заштитени и без причинета штета.

Фејсбук статус на Трајан Димковски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство