ПЕКОЛНИОТ БРАН НЕ ЈА НАПУШТА МАКЕДОНИЈА – ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ПОВТОРНО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 42°C

Нашата територија повторно ќе подпадне под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса од југ (северните предели на Африка), па така и температурите на воздухот ќе бидат во понатамошен пораст. Особено топло ќе биде во понеделник и во вторник кога максималните температури повторно ќе бидат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 42 степени.

Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, додека од понеделник и тоа повремено во попладневните часови ќе има услови за ретка и краткорајна појава на нестабилност.

Повремено, и тоа од понеделник па натаму ќе дува ветер претежно од северозападен правец  и истиот на моменти ќе биде и засилен на интензитет.

Напомена: Ветерот кој се очекува да дува во следните денови низ државава, би можел да ја отежнува состојбата со пожарите.

  • Според најновите анализи со кој располагаме, некое поголемо освежување и поголем пад на температурите на воздухот засега не се очекува, што значи ТОПЛОТНИОТ бран и понатаму ќе се задржува во нашата држава.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki