ПАДНА ПРВИОТ СНЕГ НА ПЕЛИСТЕР ЗА ОВАА СЕЗОНА!

Како што беше најавено од наша страна, денес температурите ЗНАЧИТЕЛНО се намалија поради влијанието на Медитеранскиот циклон и постудената воздушна маса од север.

Врнежите од дожд кои ги имаше насекаде низ Македонија на врвот Пелистер на планината Баба поради ГОЛЕМИОТ ПАД на температурата преминаа во врнежи од СНЕГ. Токму на ова место е формирана и снежна покривка.

Инаку снегот беше најавен од наша страна на највисоките планински врвови во Македонија за денес.

Еве како изгледа врвот Пелистер денес:

 

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki