ОД УТРЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – ДЕТАЛИ

До крајот на денов облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта, како и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека од утре ќе се намалат за неколку степени и истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Во Скопје и околината во текот на претстојната ноќ ќе има услови за слаб локален дожд додека максималната температура се очекува да се искачи до околу 21 степен во текот на денешниот ден, додека утре истата ќе биде пониска за неколку степени и ќе се искачи до околу 18 степени.

Потоа во петок ќе дува умерен ветер од северен правец а времето ќе биде сончево со умерена локална облачност.

Стабилното и суво време ќе се задржи и за време на викендот, но со услови за појава на магла по котлините во утринските часови.  Температурите на воздухот нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука