ОД СЕВЕРОЗАПАД НИ СЕ НАБЛИЖУВА НЕСТАБИЛНА ОБЛАЧНА МАСА – КАЈ НАС ЌЕ ПРИСТИГНЕ ВО СРЕДА

Уште утре ќе имаме стабилно, суво и сончево време, иако во попладневните часови во северните предели не се исклучува можноста за изолирана нестабилност. Температурите утре ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 33 степени.

Веќе во среда, особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град, особено во источната половина од државава.

Услови за локална нестабилност ќе има и во четврток , додека одсега гледано од петок па за време на викенот ќе имаме претежно стабилно и суво време, иако е можна изолирана и ретка појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. Нешто пониска температура ќе имаме во четврток кога максималната ќе се искачува во интервалот од 26 до 34 степени.

Во среда и во четврток ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и од западен правец.

Во Скопскиот регион услови за нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има во среда, додека во четврток условите за нестабилност ќе бидат помали, иако е можна појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Од петоки во Скопје очекуваме претежно стабилно и суво време, а температурата ќе се искачува во интервалот од 28 до 33 степени.

УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki