ОД НЕДЕЛА ПОПЛАДНЕ ПА НАТАМУ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ВЛАЖНА И НЕСТАБИЛНА ВОЗДУШНА МАСА – НА ПОВЕЌЕ МЕСТА ЌЕ ИМА ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ, МОЖНО Е И НЕВРЕМЕ

Денес и утре времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачува во интервалот од 25 до 28 степени.

Потоа во недела попладне, како и во почетокот од следната недела локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локална појава на град.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука