ОД ДЕНЕС МАКЕДОНИЈА ЈА ЗАФАЌА НОВ ТОПЛОТЕН БРАН – ПОНАТАМУ ТЕМПЕРАТУРИ И ДО ОКОЛУ 40 СТЕПЕНИ

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи во интервалот од 28 до 37 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 33 степени.

Потоа утре и во четврток ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО време со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. Од петок па за време на викендот во попладневните и во вечерните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, а температурите ќе се намалат за неколку степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука