ОБИЛНИ ДОЖДОВИ: НАВРНАА НОВИ 45 ЛИТРИ ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА, ПОЛАРНИОТ БРАН СЕ ПОБЛИСКУ ДО НАС

Во изминатите 24 часа нашата територија и понатаму беше под влијание на изразен влажен бран кој на повеќе места услови врнежливо и облачно време. Поради релативно високите температури на воздухот врнежите речиси насекаде беа од дожд, а најинтензивни врнежи имаше во југоисточните и источните предели од државава.

Најмногу дожд досега има наврнато во Гевгелија, и тоа 45 литри, потоа во Берово 38 литри, Демир Капија 31 литар, Прилеп 21 литар, во Битола 19 литри, Претор 15 литри, Охрид 11 литри, Штип 7 литри, Крива Паланка 6 литри, и најмалку воден талог има наврнато на Ѓуриште и тоа 5 литри.

Понатаму поларниот бран кој е најавен во нашата држава полека се спушта од Арктикот, и кај нас ќе пристигне уште утре доцна попладне и во вечерните часови и ќе биде проследен со локални врнежи од снег, особено во западните и во северозападните предели, северен ветер и голем пад на температурите на воздухот.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука