НОВ ПОИЗРАЗЕН ВЛАЖЕН БРАН ВО ДРЖАВАВА ВЕЌЕ ВО ЧЕТВРТОК ПОПЛАДНЕ И ВО ТЕКОТ НА НОЌТА КОН ПЕТОК – ДЕТАЛИ

Во текот на денешните попладневи и вечерни часови врнежите во најголем дел ќе престанат, со исклучок во западните предели каде ќе има услови за повремен локален дожд, додека на највисоките планински места ќе има услови за провејување на снег.  Ќе дува умерен, до засилен ветер од југозападен правец, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени во најтоплите предели од државава.

Утре ќе има краткотрајно стабилизирање на времето, додека во четврток попладне и во текот на ноќта кон петок, како и во петок под влијание на нов ПОИЗРАЗЕН влажен бран ќе има нови врнежи од дожд кој особено во текот на ноќта кон петок ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи, додека ветерот од јужен и од југозападен правец ќе го имаме и во текот на следните неколку денови и ќе биде со умерен, повремно засилен интензитет.

Температурите на воздухот понатаму нема многу да се менуваат во споредба со сегашните.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука