НОВО АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃА НОВ ГОЛЕМ ВЛАЖЕН БРАН ВО ТЕКОТ НА УТРЕШНАТА НОЌ

Во текот на утрешниот ден ќе има повеќе сончеви периоди, особено претпладне и околу пладне, додека во попладневните и вечерните часови од запад облачноста ќе започне да се зголемува и токму ова ќе биде најава за нов голем влажен воздушен бран од запад.

Во текот на утрешната ноќ од запад ќе започнат врнежи од дожд и снег на планините. Во среда врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (локално над 30 л/м2), ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од југоисточен правец. На планинските места, особено на запад и на северозапад се очекува нова снежна покривка од над 20 цм.

Потоа и во следните денови по среда ќе се задржи променливото време со повремени врнежи од дожд, додека на планинските места врнежите ќе бидат од снег. Барем засега снег на пониските места не се очекува.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, додека во среда истите ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука